Хмм , има ли демократија во Македонија ? – тоа беше нешто што цело време го поставуваше господинот новинар Борјан Јовановски . И така седејќи пред ТВ и гледајќи што се случува во А1 се чудев … Фирми што постојат на таа адреса се под лупа на секаква инспекција , а тие немаат никаква врска со А1 ниту пак со сопственикот на А1 и метата на власта Велија Рамковски . Тогаш доаѓаме до прашање зашто не им е дозволено на новинарите да одат дома , или да влегуваат во телевизијата ? Дали сепак беше точна информацијата на новинарите на А1 во врска со банкротот на ФЗО па единствен начин да се отргнат од тоа беше овој упад ? Опомена пред исклучување за Велија ? Ќе видиме по извршените претреси и најдените докази . Колку што можевме да видиме имаше кордон од полицајци кој на никого до 8.30 не дозволуваше да излезе или влезе во телевизијата , снимките што ги даваа на телевизија беа исти како и на секој протест , напната атмосфера со малку гурање помеѓу полицијата и новинарите . Реално проблемите и започнаа со доаѓањето на Љубе Бошковски кој со своето обезбедување ги започна туркањата пред влезот на А1 , а се до тогаш пред А1 беа само вербални расправи меѓу полицијата и новинарите кои сакаа да влезат во телевизијата и да се солидализираат со нивните колеги внатре . Започнаа и доаѓањата на гостите , се бараа да се јават Јанкуловска , Котевски , Груевски и на крај претседателот Иванов ( кој според мене најмалце е повикан да одговори на прозивките , тој може да се јави како професор кој предава на Правниот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј а не како претседател , улогата претседател со извршната власт нема никаква допирна точка ) . Се јавуваа многу политичари и подржувачи на А1 и сите беа опозиција , па нормално бе луѓе сакате некој од власта , од владеачките партии да се јават и да се бунат за тоа што е блокирана А1 па нормално опозицијата ќе се крене , ќе се бунтува , сака да добие политички поени и нормално дека со душа чекале ваква грешка на власта и вообичаено би било тие да ја искористат , и ВМРО ДПМНЕ кога беше опозиција ја бранеше А1 кога Владо Бучковски насилно влезе исто во А1 и тогаш никој од владеачките партии не застана зад А1 што е и логично .  Во студиото кој беше , беше сите знаеме кој е кој и за мене тоа беше логично тие истите луѓе дека ќе се појават , зар беше логично да се појави некој од ДПМНЕ , ДУИ . Власта со лошо испланираната акција за фирмите на Ул . Перо Наков б.б изгуби многу поени кај граѓаните  , многу лошо се тоа беше испланирано , единствено и логично во таква состојба новинарите беше да се пропуштаат со легитимации како и вработените во телевизијата ( камермани , режисери ) се она што е потребно за телевизијата да работи нормално . Прво мене барем ми доаѓа нелогички зашто Перо Наков б.б т.е А1 се блокира што сеа ако јас еве работам во едно од средните училишта при град Скопје и во бифето избегаваат да има контрола од УЈП и од Трудовата инспекција , зар мене и на моите ученици кои учат нема да им биде дозволено да се легитимираат и да одат на часови како и секој ден …  апсолутно ова е non sense . Сакаа да покажат моќ ама сепак на лош начин го сторија тоа , требаше паметно да изиграат политички да го ликвидираат , со таа моќ што ја има власта моментално можеа како сакаа тоа да го направат , а го направија на најлошиот начин . Видовме вчера некои снимки на телевизија , беа ќесишта со пари но  размислете луѓе дали тоа сепак се тие фамозни 7,5 милиони евра ? Сепак не објасни ни Директорот на УЈП , но и МВР од тие 7,5 милиона кои се зборат државата не е за толку оштетена туку таа е оштетена за 10% или 750 000 евра , секој што знае барем малку финансии го знае ова . Ајде што се случуваше на А1 се случуваше , но да се прашаме сега што се случуваше на МТВ , Канал 5 па и кај господинот Латас кој со задоволство побрзал од вечерата со Цеца за да дое и да прослави за упадот во А1 . Доколку беше се тоа законски зашто Иво Котевски и Горан Трајковски беа на овие 3 телевизии сакаа да исчистат некој ? Истото се случи со Сител пред 2 месеци кога со вонредни вести во 12 часот вечерта , 3-4 часа по убиството во ресторанот се чистеше името на Милушев ( баџанак на Дејан Митровски – Урко ) тоа беше полицаецот што седеше на маса заедно со член на Франкфуртската мафија `Ркулот од Велес и уште дечко кој немаше досие а кои беа убиени во ресторанот Big Fish во Аеродром . Колку и каква била замешаноста на Милушев во сето ова незнам но сепак ми остави сомнение чистењето за него кое се случи на Сител каде беше објавено дека он купувал за вечера за дома а подоцна како сведок девојката која седеше на таа маса со нив потврди дека сите четворица седеле на таа маса , па се прашувам зашто само она преживеала доколку се барала главата само на `Ркулот . Затоа се на се кога ќе видиме и размислиме ќе увидиме дека Канал 5 и Сител не се баш некои средства за информирање , сите ТВ се пристрасни во Македонија па така да не барајте реална информација од нив , добијте ја вие сами со својата глава . Подршка за новинарите тие заслужуваат слобода , а политичките игри нека се играат но не преку луѓето кои пристрасно или не пристрасно ги носат работите на виделина .

1 Response to Упадот во А1

Avatar

;-) Развигор » Аферата Опсада ја рестартираше блогосферата

ноември 27th, 2010 at 17:05

[...] Наутралец: Упадот во А1 * [...]

Comment Form

About this blog

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit. Quisque sed felis. Aliquam sit amet felis. Mauris semper, velit semper laoreet dictum, quam diam dictum urna, nec placerat elit nisl in quam. Etiam augue pede, molestie eget, rhoncus at, convallis ut, eros. Aliquam pharetra.

Photostream

Календар

ноември 2010
П В С Ч П С Н
    дек »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
2930  

Моментална температура

Partly Cloudy 18°C Partly Cloudy
Wed Mostly Sunny
20/12
Thu Chance of Storm
17/11
Fri Mostly Sunny
22/10

Посетители

free counters