Законот за легализација на дивоградби

In: вести| колумни| медиуми| општество| пари

16 дек 2010

- „Владата на синоќешната седница го усвои Предлог-законот за третман на бесправно изградени објекти.Предмет на овој закон се градби од значење за државата утврдени со Законот за градење и друг закон, како и градби со намени производство, дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта),  домување во станбени куќи, кои се изградени без или спротивно на одобрение за градење, како и делови на градби со таа намена, а кои се изградени без или спротивно на одобрение за градење до стапување во сила на овој закон.На градбите до стапување во сила на законот  треба комплетно да се изведени градежните и инсталатерските работи и да претставуваат градежна и функционална целина.Надлежни органи за спроведување на постапката за легализација се Министерството за транспорт и врски и општините. Министерството ја спроведува постапката за градби од значење за државата, а општините за градбите со намена производство дистрибуција и сервиси (тешка и загадувачка индустрија, лесна и незагадувачка индустрија, сервиси и стоваришта),  и домување во станбени куќи.Според Предлог законот, постапка за легализација започнува со поднесување барање за легализација до надлежниот орган од носителот на бесправната градба, во рок од шест месеци од денот на стапување во сила на законот во кој прецизно е наведена документацијата што треба да се приложи кон барањето.По приемот на барањето се врши идентификација на пријавените бесправни градби преку комисија. Надлежниот орган е должен во рок од три месеци од поднесувањето на барањето, да утврди дали се исполнети условите за издавање урбанистичка согласност за потврдување на бесправната градба во идната урбанистичка планска документација.Бесправната градба во зависност од видот треба да исполнува соодветни стандарди: за статика, заштита од пожар и заштита на животната средина и здравјето на луѓето, заштита од пожар, а тоа се утврдува со елаборатите кои се составен дел на проектот за фактичката состојба на градбата.По издавањето на урбанистичка согласност, единицата на локална самоуправа во рок од пет работни дена изготвува пресметка за плаќање надомест за утврдување правен статус на бесправна градба и  му ја доставува на барателот, кој пак е должен да го плати во рок не подолг од шест години.Висината на надоместот за утврдување на правниот статус за градбите со намена домување во станбени куќи изнесува 0,5  проценти од вкупниот годишен приход на членовите на семејната заедница кои се корисници на објектот за кој е поднесено барање, остварен во претходната година, помножен со метрите квадратни од изградената површина, утврдена со проектот за фактичка состојба.Висината на надоместот за утврдување правен статус за градбите со намена производство, дистрибуција и сервиси е иста со висината на надoместокот за уредување на градежно земјиште кој се утврдува во постапката за добивање одобрение за градење за градби со таа намена. Се пресметува согласно Правилникот за степенот на уредување на градежно земјиште со објекти на комунална инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост, при тоа земајќи ја предвид изградената површина, утврдена со проектот за фактичка состојба.По плаќање на надоместокот за легализација надлежниот орган донесува решение за утврдување правен статус кое претставува основ за упис на правото на сопственост на бесправната градба во јавната  книга за запишување на правата на недвижностите.За бесправните градби за кои е издадено решение за утврдување на правен стаус, а кои се изградени на државно земјиште, се предвидува носителите на тие градби, да поднесат барање за откуп на градежното земјиште во рок од три месеци од донесувањето на планската документација со која е вклопена бесправната градба. Во спротивно се утврдува долготраен закуп на градежното земјиште, на начин и под услови утврдени со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.Бесправните градби кои нема да бидат легализирани со овој закон ќе бидат отстранети согласно одредбите на Законот за градење.

- Редно беше владата да го донесе овој закон , некој што неможел да си дозволи да купи земјиште а имал барем малку пари да изгради една мала и трошна куќичка заслужено би добил легализација на својот дом . Имено во Скопје како што сите знаеме има цели населби дивоградби ( Припор , Сопиште , Соње , Кисела Јабука , Геге , Волково , Цементара , 11 Октомври , Керамидница ) . Јас би го подржал овој закон само со една цел а тоа е на тие навистина што немале и сеуште немаат средства со некоја мала финансиска надокнада да добијат тапија и конечно да живеат во легална градба запишана во урбанистичкиот план . Но што сега ќе правиме со мултимилионските куќи и викендици во некој од населбиве ( Соње , Сопиште ) . Зар и тие луѓе треба да бидат исто третирани , викендици во кои идат преку викендот и кои коштаат голема сума на пари да се легализираат исто како и некој трошна куќа ? Секако дека е ова non sense па затоа барам од владата да ми го објасни овој дел од законот . како тоа ќе се среди ? Зар може да бидат исто проценети некој трошна куќа и викендица од неколку стотици илјади евра ?

11 Responses to Законот за легализација на дивоградби

Avatar

Анонимен

март 13th, 2011 at 01:18

A sto e so nas, sto veke 10 godini probuvame po LEGALEN pat da gi sredime supite vo koi ziveeme, a ne mozeme zatoa sto komunaliite kostaat poveke od samata izgradba???

Avatar

hemicarot

март 13th, 2011 at 01:47

е анонимен, тоа е проблемот, требаше да се лагализираат шупите, а не палатите

Avatar

neutralec

март 13th, 2011 at 02:30

Анонимен
март 13th, 2011 at 01:18
A sto e so nas, sto veke 10 godini probuvame po LEGALEN pat da gi sredime supite vo koi ziveeme, a ne mozeme zatoa sto komunaliite kostaat poveke od samata izgradba???

Ќе си изградиш на диво па ќе бараш да ти легализираат :) Ова само во Македонија го има …

Avatar

neutralec

март 13th, 2011 at 02:36

hemicarot
март 13th, 2011 at 01:47
е анонимен, тоа е проблемот, требаше да се лагализираат шупите, а не палатите

Е не , за мене и за тебе го правеа законот … :) хахах

Avatar

nace

октомври 30th, 2011 at 16:00

jas imam baranje podneseno a nesakat da mi go legalizirat i mi velat da go rusam i da saum napravil eloborat kazuva gradonacalniko deka nema da se osvoji

Avatar

Анонимен

октомври 30th, 2011 at 16:03

i ovaa ako e zakon za legalizacija opstinite samo pari perat zato ne gi legalizirat site objekti neka prezemat malku i od vladata da im pravi kontrola na opstinite vo cela makedonija

Avatar

neutralec

октомври 30th, 2011 at 19:14

наце дај те молам испрати ми го на mail твојот проблем па ќе трубиме неколку дена , ќе видиме дали некој ќе преземе нешто …

Avatar

neutralec

октомври 30th, 2011 at 19:15

Анонимен како што горе имам напишано законот е прв во македонското право во кое ќе извлечат полза обичните граѓани покрај богаташите …

Avatar

anonimna

февруари 26th, 2012 at 16:34

a so e so tie so nemaat pari da go legaliziraat zemjisteto

Avatar

neutralec

февруари 27th, 2012 at 10:19

Навистина незнам како да им помогнам на тие што немаат пари за да си го откупат земјиштето, искрено се надевам дека ќе се снајдат некако за повторно државата да не ги толчи со своите наемнини. Затоа подобро е сега некако да се снајдете, отколку по десетина години истото земјиште да ве чини сто пати поскапо, ова е единствената прилика за сиромаштијата во Македонија ( оние со по 10-20 квадрати ) да легализираат нешто заедно со диво изградените вили низ Македонија.

Avatar

topanac

април 9th, 2012 at 00:00

a koja e cenata so treba da platime za dogradba …

Comment Form

About this blog

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetuer adipiscing elit. Quisque sed felis. Aliquam sit amet felis. Mauris semper, velit semper laoreet dictum, quam diam dictum urna, nec placerat elit nisl in quam. Etiam augue pede, molestie eget, rhoncus at, convallis ut, eros. Aliquam pharetra.

Photostream

Categories

Archives

  • grga: и каков мотив ќе имаат за работа? [...]
  • karamba!: Не сери Лименко, ако мислиш дека вчера победи демократ [...]
  • roboto: Оф леле само по кој пат ја жалиме демократијата во маке [...]
  • karamba!: Илјада години молчење.....за смрта на демократијата во ж [...]
  • штеточини: Неутралец како би било да помолчиш малку повеќе за ова [...]

Календар

декември 2010
П В С Ч П С Н
« ное   јан »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Посетители

free counters